Abstract
<jats:p>Врските меѓу македонската и словенските литератури се повеќе од книжевни. Тие имаат длабоки историски корени и заеднички искуства, кои се испреплетени во народната традиција, уметноста, културата и литературата. Овој труд прави систематизација на академскиот интерес на студентите на Одделот за славистика, на Филозофскиот факултет во Љубљана, со библиографски и описен преглед на додипломските, магистерските и докторските трудови, одбранети на овој Оддел, a кои опфаќаат автори и дела од македонската литература. Интересите за македонската литература се менувале низ времето и овие трудови опфаќаат неколку развојни периоди. Целокупниот материјал оди во насока на потврдување на тезата дека литературата ги одразува: историските, културните и политичките врски, кои се развивале низ различни периоди и контексти. Корените се препознаваат уште во фолклорот и тие ја одразуваат поврзаноста меѓу народите на словенските простори, почнувајќи од: јазикот, писмото, традицијата, до современите теми и форми на изразување. Истражувачкиот интерес и изборот на теми и автори ја одразуваат заедничката историска нишка, која ја поврзува словенечката и македонската литература.</jats:p>