Abstract
<jats:p>Задачата на дипломатијата на секоја држава е да го насочува и да го уредува односот на таа држава со другите меѓународни субјекти, и тоа преку мирољубиви средства, комуникација и преговори. Истовремено, нејзината функција подразбира, меѓу другото, и информирање и анализирање, што всушност значи собирање информации од/за други држави, нивна анализа и доставување до Министерството за надворешни работи. Токму оваа задача на дипломатијата е тема на документот што го презентираме во оваа статија. Овој доверлив извештај од јануари во 1912 година, испратен од Х. O. Бакс-Ајронсајд, дипломатски претставник во ранг на ополномоштен министер на Обединетото Кралство во Бугарија, до министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Едвард Греј, содржи анализа на дипломатските претставници, главно, на Големите сили и на балканските држави во бугарската престолнина, кои ја извршувале таа функција во текот на 1911 година (тоа се ополномоштените министри на: Франција, Италија, Грција, Германија, Русија, Србија, Австро-Унгарија, Турција и на Романија). Детаљната анализа изложена во овој документ многу јасно покажува дека Бах-Ајронсајд е искусен дипломат, кој многу прецизно прави психофизичка анализа на своите колеги, но и анализа на нивните политички, односно дипломатски способности. Ова е особено значајно ако се има предвид дека психолошката анализа игра клучна улога во разбирањето на однесувањето, намерите и на одлуките на странските држави и на нивните лидери, министри, дипломати и конзули. Од друга страна, психолошката анализа служи и како алатка за предвидувања на реакциите и за приспособување на дипломатските стратегии. Во тој контекст, и британскиот дипломат кај своите колеги ги анализира начинот на размислување, стилот на комуникација, вредностите, траумите, амбициите и нивната реакција во кризни ситуации под притисок или при преговори.</jats:p>