Abstract
<jats:p>Оваа збирка содржи решени задачи по Теориска електродинамика со специјална теорија на релативност, наменети за студенти по физика и сродни насоки. Целта е систематско совладување на методите за пресметување на електрични и магнетни полиња во различни ситуации, нивните Лоренцови трансформации, и методите за опишување на релативистичката динамика на наелектризирани честички. Вклучени се задачи за електромагнетни потенцијали, електромагнетни бранови, зрачење, енергија и импулс на електромагнетното поле. Во завршните поглавја се разгледуваат електродинамиката на подвижни средини, коваријантната формулација на електродинамиката, и релативистичката оптика. Задачите се избрани постепено да развиваат интуиција и техника, од основно до напредно ниво.</jats:p>