Abstract
<jats:p>Македонската студија за однесувањето поврзано со здравјето кај децата на училишна возраст собира податоци за здравјето и благосостојбата кај адолесцентите на 11, 13 и 15-годишна возраст кои одат на училиште. Претставува дел од меѓународната лонгитудинална студија која се спроведува секоја четврта година почнувајќи од 1982 година, во 51 земја од Европа, Северна Америка, Канада и Русија, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО). Сите земји кои учествуваат во студијата, неопходно е да се придржуваат до заедничкиот меѓународен стандарден протокол направен и систематски ажуриран од целата HBSC мрежа. Република Северна Македонија во меѓународната мрежа е вклучена од 1988 година и до денес спроведени се 6 циклуси на истражувањето. Со четиридецениско спроведување на студијата на меѓународно ниво и дводецениско на национално ниво, се покажа дека користената методологија и резултатите кои се добиваат, се корисни за следење на критичните прашања во врска со здравјето и благосостојбата на адолесцентите.</jats:p>