Back to Search View Original Cite This Article

Abstract

<jats:p>Во статијава се дава краток осврт врз археографската дејност на проф. Радослав Груиќ, којашто траела скоро пет децении. Проучувањето на ракописното и старопечатеното книжевно наследство проф. Груиќ го започнал во првата деценија на XXв., кога како млад свештеник ги регистрирал и проучувал црковните книги што се наоѓале во цркви и манастири во диецезата на Пакрачката епархија. Оваа своја научна дејност тој ја продолжил по Првата светска војна,кога бил избран за професор на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје. Тука тој е иницијатор за основање на историско-археолошки музеј и Црковен музеј во коишто, со негово залагање, се формирани богати збирки со ракописни и старопечатени црковни книги. Таа своја дејност тој ја продолжува и по враќањето во Белград во 1y37 г., но и по Втората светска војна, проучувајќи словенски ракописи и старопечатени црковни книги во библиотеките на Матица српска во Нови Сад, Универзитетот во Љубљана и Архивот на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.</jats:p>

Show More

Keywords

во на се дејност книги

Related Articles