Back to Search View Original Cite This Article

Abstract

<jats:p>Кулинарската лексика како значаен дел од културното наследство е сведоштво за културниот, регионалниот, па и локалниот идентитет, а нејзиното проучу- вање е израз на изградената свест за зачувување на националната традицио- нална култура и терминологијата поврзана со неа. Кулинарската лексика по- будува интерес од етнолошки, културолошки, етнолингвистички и социолин- гвистички аспект, а нашата анализа се однесува на кулинарската лексика во македонскиот и српскиот јазик од лексичко-семантички аспект, со цел да се проследат сличностите, но и одликувачките особености. И во македонската и во српската народна традиција се бележат бројни називи за јадења од брашно, тесто, посебно со редени кори, јадењата од зеленчук, што го потврдува нив- ното место во секојдневната исхрана. Интересни се разновидностите во име- нувањето на јадењата од млечни производи, јадењата со месо, риби, живина и со јајца, разновидните варива, слатки и др. Голем е бројот на називите за праз- ничната и обредната храна, што ја сочинувале најразлични јадења, посни и мрсни, во контекст на родилните, свадбените и погребните обичаи, религиоз- ните годишни празници, за јадењата поврзани со обичајната практика на сел- скостопанската дејност, домашните слави и др. Богатството на исхраната и на соодветната терминологија го потврдуваат значењето на етнолингвистичките истражувања за македонската и српската народна традиција.</jats:p>

Show More

Keywords

на од за со во

Related Articles