Back to Search View Original Cite This Article

Abstract

<jats:p>Во текстот се анализираат политичките ставови и погледите на Милан Грол како претседател на Демократската партија во периодот од 1940 година кога тој го презема водството на партијата, до 1945 кога поднесува оставка во Владата на ДФ Југославија и се повлекува од политичкит живот. Се проследуваат и иницијативите и размислувањата на Грол како министер во емигрантските влади во Лондон, како и на повеќе негови политички истомисленици, но и противници, за повоеното уредување на Југославија, за позициите на Србија, како и за статусот на Македонија во рамките на идната српска територијална единица. Од записите во дневникот воден во Лондон во периодот 1941 – 1945 година јасно се гледа неговиот став дека Македонија би можела да има само одреден самоуправен статус во рамките на Србија. Ваквата политичка определба Грол ја застапувал во континуитет од триесеттите години на XX век, сè до крајот на неговото активно политичко делување во 1945 година.</jats:p>

Show More

Keywords

на во како се Грол

Related Articles